Хороскоп: Како да ги смените знаците?

Дали е возможно да промените човек? Според сите информации луѓето тешко се менуваат, и колку повеќе се обидувате толку потешко е да промените некого. Меѓутоа, некогаш може да направите мала промена кај некоја личност доколку кај неа има желба за такво нешто. Она што никако неможе да го промените кај хороскопските знаци е следново:

 

 

Овен

Главна каратеристика за овој огнен знак е дека е мачо. Дури и женските преставници може да ја имаат оваа каратеристика. Тие неможат да поднесат некој да им кажува што да прават. Ако сакате да ги промените треба да сфатите како тие размислуваат или едноставно можете да им кажете дека тоа била нивна идеја.

 

Бик

Сигурноста е една од најбитните карактеристики на овој знак. Тие не сакаат никаква промена, тоа за нив е исто како кога би пресадиле растение во друга саксија. Ако сакате некоја промена мора да биде за нешто подобро и под нивни услови.

 

Близнаци

Од сите знаци најлесно е да го промените близнакот бидејки често го менуваат мислењето. Но проблемот е што можеби премногу ќе ги промените. Сепак има периоди кога тие никого не слушаат и го прават она што го сакаат.

 

Рак

Ако сакате да промените рак во машки пол мора да се однесувате како некова заштитничка. Треба да го облекувате, храните и советувате. Ако сте згрозени од овој пристап тогаш можеби сте во врска со погрешната личност.

 

Лав

Лавовите се тие кои ќе ви кажат што да правите. Тие се родени да наредуваат, а не да се водат по некаков ултиматум. Овој знак е скоро невозможно да го промените освен ако тој сам не одлучи да го направи тоа.

 

Девица

Можеби постои некоја шанса да ја промените девицата, но мора добро да смислите како ќе го направите тоа. Тие ценат искреност, а и оние се искрени кога нешто им смета. Ако сакате да ја промените мора прво да промените нешто и кај себе.

 

Вага

Само што сте помислиле дека се смениле, ќе сфатиле дека тие се уште се исти. Вагите се најдобрите манипулатори од сите знаци и знаат како да ги задоволат другите, но никогаш нема да се сменат.

 

Шкорпија

Ако сакате да промените шкорпија тогаш подгответе се за долг процес. Но внимавајте, откако ќе се променат никогаш нема да се вратат назад.

 

Јарец

Ако промената е поврзана со успех и напредок во кариерата, тогаш тоа за нив е вистински погодок. Но, ако се работи за друг вид на промена тогаш тешко дека ќе успеете во тоа.

 

Водолија

Водолиите секогаш имаат свој став за се. Сакаат кога имаат некоја цел и се стремат кон неа, а вашите обиди да го смените тоа ќе бидат залудни.

 

Риби

Ако сакате да промените некој во знакот на риби тогаш веројатно сакате да стане пореален, да се спушти на земја и да направи нешто од себе. Тие се и режисери и актери во својот живот и се зависи од нив. Ако сакате да видите некоја промена кај нив тогаш мора да бидете креативни.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: