Кличко со парична понуда за да се тепа во Собрание

Витали Кличко, славен боксер и новопечен пратеник во украинскиот парламент доби парична понуда за да се бори со пратениците. Оваа „генијална“ идеја дојде од  страна на  украинската телевизиска мрежа РАДА. Според нив, иако тој ја заврши својата боксерска кариера, тоа не значи дека не може повторно да се активира, но овој пат тоа нека се случи во парламентот.

Тепачките во парламентот на Украина се секојдневна појава. Во последните 15 денови беа забележани многу инциденти па Кличко беше запрашан зашто и тој самиот не бил учесник во нив. Неговиот одговор беше краток – „Треба да ми платат“.

Оваа изјава беше инспирација за телевизиската мрежа РАДА, па во нејзиното соопштение се вели:

„Подготвени сме да платиме огромна сума за ексклузивни права за неговата тепачка во Собранието“.

Соопштението на оваа телевизиска мрежа го пренесоа медиумите од Русија.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: