Тврдат дека се реинкарнација на Исус и Марија Магдалена

Велат дека тие се реинкарнација на Исус Христос и Марија Магдалена, а неодамна поставиле и логор во Квинсленд, придружени од 30-40 нивни следбеници. 

Австралијците се загрижени за новата организација позната како Божествена Вистина (Divine Truth), предводена од Alan John Miller и Mary Suzanne Luck, кои тврдат дека се Исус Христос и Марија Магдалена – известува “The Courier Mail”.

 

Г-динот Miller, 47, е роден во Luxton, Јужна Австралија, и е татко на две деца од брак кој завршил кога тој почнал да се сеќава на детали од своите минати животи. Тој верува дека ова е негов 22-ри живот, кoj е резултат на божествената љубов што во своето срце ја акумулирал во 22-та животни циклуси.

Сега тој и неговата сродна душа, 32-годишната Марија Магдалена, чие вистинско име е Mary Suzanne Luck, се обединиле и создале свој култ во Wilkesdale. Miller купил 16 хектари земјиште во оваа област, а неговите следбеници го следеле неговиот пример само за да бидат блиску до нивниот харизматичен духовен лидер.

 

Во 2009 година, членовите на Божествена Вистина ги здружиле силите и за 400.000$ купиле 250 хектари земјиште, каде што можат да одржуваат средби и да изградат центар за меѓународни посетители.

Земјиштето има форма на крст, а локалните жители велат дека таа не е направена намерно и дека ова е божествен знак.

 

Alan John Miller признава: “Веројатно има еден милион луѓе кои тврдат дека се Исус и најголем дел од нив се наоѓаат во душевна болница. Но, еден од нас мора да биде. Како знам дека тоа сум јас?! Затоа што јас се сеќавам на сè од моите минати животи”.

Пронајдете не на следниве мрежи: