5 работи карактеристични за најлудата ноќ

Фразата, “веќе го имам проживеано тоа” е нешто што може да ве спречи да доживеете нови интересни искуства. Едно такво искуство е и новогодишната ноќ. Сите веќе знаат што ќе се случи, можат и да се обложат кој ќе биде најпијан таа вечер, кој каде ќе заврши и слично. Еве кои се најчестите случки за време на најлудата ноќ.

 

1.Позерките

Новогодишната ноќ е уште еден изговор за прослава, а тоа за девојките значи дека ќе се облечат во својата најубава новогодишна облека. Но тоа не е се, откако ќе изгубат минимум саат време на дотерување тоа мора да го документираат во својот фотоапарат. Наредниот ден ќе ги видите сите слики на девојките кои позираат со напрчени усти на Фејсбук.

 

2.Алкохоличарите

Ниту една забава неможе без алкохол. Ако ја правите забавата во вашиот дом погрижете се да набавите повеќе алкохолни пијалаци ако сакате некој да се појави. Но има луѓе кои не си ја знаат мерката, а тоа често се случува за Нова година така што мора да внимавате кој ќе викнете ако не сакате целиот дом да ви биде уништен.

 

3.Нови пријателства

Кога ќе започне забавата ќе започнат и новите познаства. По некое време сите си прават муабет како да се знаат цел живот. Но, на крајот на вечерта секој е на своја страна и луѓето почнуваат нагло да исчезнуваат.

 

4.Досадните полицајци

Додека траат забавите полицајците се на улиците и чекаат нешто да се случи за да ја расипат забавата. Но, има и такви кои со задоволство би се придружиле зашто ни тие не можат да одбијат добра новогодишна забава.

 

5.Сеирџии

Светот е полн со лицемери, но повеќето прават се за да го сокријат тоа. Таквите луѓе најмногу се забележуваат на новогодишната ноќ бидејќи седат во некој ќош, ги озборуваат останатите луѓе и се жалат за политичката состојба во земјата. Тие се оние кои ги убедуваат останатите да си одат дома веќе во 12 и 15 и штета што никој не е доволно некултурен да ги праша зашто воопшто дошле.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: