Сораја избега од канџите на војната

Заради бомбаш-самоубиец кој предизвика вонредна состојба,  евакуиран е хотелот во кој престојуваше Сораја. Одмарајќи се во Шарм Ел Шеик со нејзините сестра и тетка, таа се најде во животна опаснот и заради тоа морала веднаш да замине на Тајланд за да го продолжи својот одмор.

„Војна во Египет, па морав да заминам во Тајланд. Боже мој, секогаш нешто ми се случува”, изјави Сораја. 

Сораја периодов доста изненади со своите дестинации, ако го земеме во предвид фактот дека таа беше и во Дубаи и Хонг Конг, а пред тоа уживаше на концертот на Хулио Иглесијас во Уругвај. 

Очигледно е дека таа ужива во егзотичните дестинации и е доста креативна во својот избор. Навистина се прашуваме што е следно. Дали на својата листа на посетени места ќе вметне уште некое егзотично место или сепак ќе реши да ужива на некоја подинамична дестинација.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се

печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: