Реал заинтересиран за Конте

Медиумите во Италија пренесуваат дека постои одредена група на луѓе во Реал која би сакала да го види Антонио Конте за тренер на оваа екипа.

Жозе Мурињо има премногу „непријателски“ расположени кон него челници на Реал Мадрид, кои би сакале да си оди од клупата на овој гигант.

Постојат тврдења дека Португалецот уште ова лето ќе го напушти тимот на Реал Мадрид, а како идеално решение за негов наследник се споменува тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

43-годишниот италијански тренер има договор со Јувентус до 2015 година.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: