Според Канун традицијата, семејното богатство секогаш го наследуваат мажите, а жената кога ќе се омажи се сели кај сопругот. Браковите се договараат веднаш кога ќе се роди детето, а улогата на жената е грижа за децата и домот.
Мажите носат панталони, шапки и рачни часовници, а додека жените се облечени во здолништа, носат марами и престилки.
Процесот на трансофрмација во маж е многу едноставен. Се што жената треба да направи е да даде завет по законот на Канун традицијата дека станува машко.
Да се облекува, однесува, зборува, оди и работи како маж. Целиот живот ќе го помине во целибат и и се обраќаат во машки род. Ја превзема улогата на глава на семејството и важните должности како што се надгледување на семејното богатство, одбрана на своето семејство во крвните одмазди и примањето на гости.
Постојат неколку услови кои треба да се исполнат пред жената да добие одобрување да стане маж. На овој чекор се одлучуваат жени кои сакаат да го избегнат договорениот брак или на барање на семејството ако немаат мажки наследник.
Една од нив е Луле која од 19 години го живее овој начин на живот, иако има брат. Доколку дојде до крвна освета ќе ја третираат како и секој маж во фамилијата, а тоа е малата цена која би ја платила во замена за основните права и слободата.
Можеби ни се чини дека ове е преголема жртва но само така жените во Албанија можат да си живеат слободно.
Паше Кечи(78) скоро не се ни сеќава дека некогаш била жена, но сигурна е дека времињата се сменети. Пред 60 години жените и животните имале ист третман, додека денес жените во Албанија имаат еднакви права со мажите, дури некои се и помоќни од нив па затоа е сега и забавно да си жена и да живееш во Албанија.
Облечена во вреќасти панталони и прекрстени нозе како маж вели дека сигурно во денешно време би избрала да си остане жена.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Според Канун традицијата, семејното бога