Помеѓу луѓето во Охрид и околните села, се зборува дека во Охридското Езеро постои Бермудски триаголник кој е сличен или ист како оној вистинскиот во Атлантскиот океан.
Трите точки на таканаречениот Охридски Бермудски траголник се: првата јужно од селото Пештани, втората се наоѓа кај манастирот Свети Наум, а третата е на шест километри во езерото.
Првиот знак кој покажува дека овој Охридски Бермудски триаголник постои е појавата на густ, хоризонтален облак над планината Галичица. По појавата почнува да дува силен ветар, водата станува потемна и се создаваат високи бранови.
Површината на езерото почнува да врие, па во истиот момент се создаваат страшни вртолози кои се креваат и создаваат водени столбови како по експлозија.
Се верува дека еден албански брод, кој пренесувал железо од Охрид за Подградец, се нашол во овој вид на Бермудски триаголник и исчезнал. Ниту човек, ниту брод никогаш не биле најдени.
Оние кои се спасиле и преживеале од оваа појава на Охридски Бермудски триаголник, подоцна настрадале од друг вид несреќа, за која се смета дека е резултат од некој вид на клетва која со себе ја носи овој мистериозен триаголник.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: