Холанѓанецот од редовите на Интер, Весли Снајдер, сеуште е член на екипата на Интер, но смета дека би било најдобро за сите да сега тој си замине од овој тим.
Снајдер одби да потпише нов договор, помалку платен.
Иако тренерот на екипата на Интер, Андреа Страмачиони, му ја отвори вратата во првиот тим на Интер, Снајдер смета дека неговиот однос со клубот сепак е премногу нарушен да би можел да ги прикаже најдобрите партии во овој тим.
„Се поизвесно е дека е најдобро да го напуштам Интер. Ако тоа не се случи, тогаш ќе останам, сепак имам договор до 2015-та година“ изјави Снајдер за „Телеграф“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: