Поранешниот репрезентативец на Италија, Марчело Липи смета дека стилот на игра на талентираниот Стефан Ел Шарави е ист како оној на Дел Пиеро во најдобрите денови од неговата играчка кариера.
Марчело Липи, човекот кој со репрезентацијата на Италија дојде до титулата светски шампион а кој сега седи на клупата на кинескиот Гвангжу, истакна дека Стефан Ел Шарави го потсетува на легендата на Италијанскиот фудбал, Дел Пиеро.
„Ел Шарави ме потсетува на Дел Пиеро, и двајцата ја повлекуваат топката на левата страна а потоа со мошне специфично движење за нив си прават прилика за шут кон голот. Ел Шарави сеуште го нема квалитетот на Дел Пиеро но со време и тоа ќе го достигне“ изјави Липи.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: