Дневен хороскоп за 31.12.2012 – понеделник.
Овен
Бидејќи добро функционирате во заедница, ќе биде права штета ако не се свртите спрема луѓето. Полесно и потолерантно прифатете ја разликата во однос на околината, сите денешни случувања се многу поволни. Од вас се бара ангажман, а успехот е неминовен. Уживајте во новогодишниот дочек.
Бик
Раздразливи сте како и обично кога барате влакно во јајце. Доколку се стрпите и се свртите спрема работата која бара максимално ангажирање, шансата да го заборавите лошото функционирање е многу поголема. На вас останува дали ќе преземете нешто конкретно. Вечерта е скроена за такво нешто.
Близнаци
За бурните емотивни реакции придружени со изливи на бес имате и немате оправдување. Ве нервира ли новогодишниот хаос? Евидентно е дека единствено вие губите од таквото однесување. Вклучете го разумот во комуникацијата и скротете ги страстите. Ако планирате акција врзана за животен простор – вистинско време е.
Рак
Неуморни сте. Се обидувате да излезете од шаблонот, се борите со сопствените слабости. Енергијата на еден Лав од вашата близина ви помага да се изборите со срамежливоста и подобро да функционирате. Доколку сте полежерни, ќе видите дека трудот се исплати. Се е спремно за вечер.
Лав
Се наоѓате во конфликтна ситуација, пред се', со самите себеси. Бидејќи сте свесни дека што и да направите каење не ви бега, мора да донесете одлука, затоа замижете и пресечете. Какво било решение е подобро од неизвесноста. Иако околностите бараат тимска работа, вам повеќе ви годи независноста. Во тој стил го организирате и дочекот.
Девица
Внимателни сте. Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Бидејќи ви недостига самоконтрола, а притоа сте свесни за своите недостатоци, мора да се дистанцирате. Обрнете внимание на партнерот, шармирајте го со повик за излегување. Прославете ја Новата година заедно.
Терезија
Дали е се подготвено за вечерва? Извонредно сте работливи. Бидејќи се' што е добро има и лоша страна, конкретно, избегнувајте непромислени чекори, може да имате проблеми. Повредите и караниците се на листата на опасности. Внимавајте и се' ќе биде одлично.
Скорпија
Направете новогодишна лотарија. Имате успех во игрите на среќа, спортот, рекреацијата и во финансиските шпекулации од различен тип. Ако направите добра стратегија и ако ги насочите активностите на адекватен начин, добро ќе се чувствувате. Потребата за нежност е изразена.
Стрелец
Амбициозни сте, но бидејќи нереално ја проценувате ситуацијата и сопствените можности, може да бидете жртва на неуспех. Тоа доведува до нервоза, егоизам и непопустливост. Свртете се само кон една работа и на таа концентрирајте се. Расплинетоста на повеќе страни не е добра. Средете се малку.
Јарец
Се натпреварувате и ги докажувате сопствените можности, со тоа ја убедувате околината во некои свои замисли. Ви годат авантури придружени со екстравагантни постапки. Не можете да ја избегнете нервозата, иако вашето однесување е под контрола. Вечерва се ќе се среди- ќе добиете убава понуда.
Водолија
Ќе влезете релаксирано во Новата година. Се наоѓате во фаза на подобрување на материјалните услови на живот. Пожелно е да не претерувате во потрагата по финансиски вредности. Свртете се кон подлабоката смисла на животот. Рамнотежата помага да дојдете до душевен мир.
Риби
Барем вечерва релаксирајте се. Незадоволството со комуникацијата е последица на желбата за докажување и за критикување на сите што ќе ви се најдат на патот. Себични сте и неискусни, а моменталните случувања ви создаваат грижи. Гледајте од поведрата страна на работите.