Вистина е! Ким Кардашијан очекува бебе со Кање Вест.
Семејството Кардашијан потврдија за „E! News“ дека Ким го очекува првото бебе со раперот Кање Вест. Но Кање беше тој кој прв ги откри возбудливите новости на неколку концерти. За време на неговото шоу Атлантик Сити во недела навечер, тој одлучи да изјави за сите негови фанови дека Ким е бремена.
Честитките за идните родители веќе почнаа да кружат на Твитер: „Честитки до Ким и Кање, среќен сум за нив“, напиша Расел Сомонс на Твитер, додека семејството Кардашијан ја покажуваше својата радост за ново-очекуваниот член во нивната фамилија.
Клои Кардашијан Одом напиша: „Чувањето тајни е многу тешко со толку многу членови во семејството! Особено ако сте премногу возбудени! Љубовта е се!!!“. Кортни исто така постна на својот Твитер профил: „Чекав да ја извикам новоста од врвот на покривот и сега конечно можам ! Уште еден ангел во начето семејство! Обземена од возбуда!“.
Ким е бремена околу 12 недели. Кање за време на своето шоу се обрати на публиката: „Сопрете ја музиката и направате галама за мојата бремена ‘мама’“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: