Предновогодишно интервју со директорот на КИА Моторс Македонија

Направивме едно предновогодишно интервју со директорот на КИА Mоторс Македонија, Владимир Билбилов кој ни ја прикажа реалната состојба на автомобилскиот пазар во Македонија, за 2012-та година и ни посочи какви очекувања може да донесе 2013-тата година.

Тој не запозна со најновиот модел на КИА, Cee'd, кој со примена на најновата технологија, направи овој модел да биде пример за почеток на една нова ера во автомобилската индустрија.

Неодамна го промовиравте најновиот модел на КИА, Cee’d. Од што се разликува овој модел од претходните?

– “Новиот модел на Киа Cee’d годинава беше лансиран на европскиот пазар во јуни месец,. Кај нас беше лансиран во ноември, нешто покасно, бидејќи нашата намера беше да не се поклопи продажбата на стариот модел и новиот модел., тоа не е пракса кај нас. Тој модел е веќе два месеци во продажба,накратко ќе ви дадам опис за што се работи. Ова е втората генерација на Cee'd, првата генерација беше лансирана во Македонија 2006-тата година, а 2008-мата добивме награда за најдобар автомобил на годината, со стариот модел на Cee’d и фактички тој модел креираше една нова ера, нов циклус на производната гама на КИА што всушност го измени тој револуционарен пресврт на дизајнот и технологијата”. 

Кои се перформансите и карактеристиките на најновиот модел од генерацијата Cee'd?

– “Моделот Cee’d. Се произведува во нашата фабрика во Словачка и е претставник на Ц сегменотот, а Ц сегментот во Европа е најпродаваниот. Очекуваме од овој модел многу, особено во Македонија. Презентиран е моделот со 5 врати и од него очекувам најголема продажба бидејќи најголемата целна група го бара тој автомобил како семејно возило, по нова год ќе го презентираме и ќе го имаме на лагер караван моделот. Напролет го очекуваме тровратниот модел кој ќе има посебен назив про_cee’d. Во моментот за овој пазар го испланиравме да го понудиме пет вратниот модел, со три стандардни нивоа и четири различни мотори кои се два бензиски два дизел мотори.

Моторите се нова генерација, за прв пат се употребуваат. Можеме да се пофалиме дека имаме нова технологија применета која е поекономична, поеколошка со подобри перформанси, а најмногу разлика има во пределот на безбедноста. Наша намера е да докажеме иако е тешко на овој пазар дека овој модел може да биде конкуренција за се она што е стереотип во мк од евроипски произведители. Ние стартуваме со висока безбедна опрема, има 6 безбедности перничиња и електронска поддршка.

Комплетен систем на безбедност, електрика, клима уред, централна брава на далечински уред, ретровизори, прозори, аудио опрема, мануелан клима, сите овие се само дел од многуте елементи на најновиот модел на КИА. Впецифичност е што кај нас бојата не се доплаќа, а во повеќето фирми ќе најдете плус доплата за боја. Што се однесува до моторите, два се бензиски од кои едниот е 1400 кубика, а другиот е со 1600 кубика, како и дизел мотори 1400 и 1600 кубика“.

Што очекувате од овој модел?

– “Очекувањата се едно, реализацијата друго. Очекуваме овој модел да учествува во остварување на профитот со најмалку 40 отсто. Не сакам за бројки да зборувам, тешко се предвидливи во моментов, меѓутоа, која и да е бројка нашиот план е 40 отсто да отпадне на новиот Cee'd. Битно е да биде присутен на пазарот. Имавме голема продажба на старите модели, од кои веќе изминаа 5-6 години па очекуваме клиентите да ги заменат со нов модел, новата генерација на Cee'd, се зависи од ситуацијата и можностите, меѓутоа автомобилот е веќе тестиран на европскиот пазар, конкретно безбедносниот дел, ги задоволува сите безбедносни критериуми, а 5 годишната гаранција е за нас веќе нормално, така започнавме со првата генерација на Cee'd и 5 години гаранција за клиентот многу значи“. 

Како се одвива побарувачката по промовирање на најновиот модел на КИА?

– “Првите 6 месеци од појавата на моделот се промотивните, како ќе го промовираш, како ќе им го наметнеш на клиентите, таква ќе биде и побарувачката. Втората фаза, се следните три години каде што автомобилот живее со истата динамика како на почетокот, последните две ипол години, полека, полека каде што станува постар, но развиен модел, со доб  ра цена, опрема и слично, дека во тој период се појавуваат и помлади модели. 

Ние сега фактички креираме генерации преку моделите. Секој почеток не е лесен, тежок е, но со толку добар продукт да речеме дека ни е олеснето малку повеќе. 

Јас лично сум задоволен од продажбата, почна да се јавува интерес, очекувам по Нова година, уште поголема побарувачка, некаде од средината на наредна година, ќе можам да дискутирам за некоја бројка која и да е за овој пазар, за кој е многу тешко да се предвиди, би била нормална. Секоја година е полна со изненадувања“.

Како се справувате со конкуренцијата на автомобилскиот пазар во Македонија?

– “Јас сум презадоволен од овој пазар, бидејќи има конкуренција. Нема бизнис без конкуренција. Можеби е прелесно да немаш конкуренција, а од друга страна па мене ме радува што можеме да се искомпарираме со секој што ни претставува конкуренција. Мене ме радува што конкурентите, имаат добри модели на автомобили, тоа и за нас претставува предизвик, како сто ни се они нам конкуренција, така сме им ние нив. Особено со овој модел ќе имаат малку потешкотии бидејќи не можеш да кажеш дека КИА е некој непознат модел, и дека има време за него, ама пет минутите на КИА се дојдени. Од сега па натаму идеме на нова фаза, каде што одредени купувачи кои што на брендот поинаку гледале, што е нормално, бидејќи немале конкретни сегменти, идентични со европските, КИА ја гледале на сосема различен начин. Пред 5-6 години оние сегменти на КИА во земјава не биле идентични на оние сегменти од КИА на европскиот пазар. 

 

Паралелни сме во многу сегменти на се она што се нуди од Европа, а и од Азија веќе, а од друга страна, сме на многу завидно ниво во поглед на квалитетот. Брендот се докажа, внимава на сите детали, е во развојна фаза, и само така може да се успее. Ние создаваме свест за брендот, значи успех е на клиентот да му се вметне свест за брендот. Тоа е првиот чекор. Оној што ја стекнува довербата, не смее да греши“.

Каков е автомобилскиот пазар во Македонија за 2012-та година?

– “Во Македонија во моментов автомобилскиот пазар е релативно тежок. Оваа година очекуваме пад од 35 отсто во однос на 2011-та година, што е навистина драстичен пад. Патничкиот програм, волуменски го држат два сегмента тоа се Д  категорија каде што тука спаѓа Киа Рио и новиот Ц сегмент каде што спаѓа новиот модел Cee’d.

Од новиот модел дефинитивно очекувам да го покаже и подобри успехот на КИА. Со овој модел покажавме дека можеме да бидеме конкурентини на се она што е дел од автомобилската индустрија во Европа, значи на европските производители исто така и азиските, а со овој модел кажуваме дека КИА моторс веќе работи автомобили кои може да бидат доста конкурентни на се она што е веќе докажано на овој пазар“.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: