Фото: Најсекси македонски домаќини

Ви овозможуваме краток преглед на најсекси македонските домаќини, познати по тоа што иако се познати, згодни, убави и интересни за јавноста, тие се посветени на своето семејство, сопругите и децата.
Еве кои се тие:
1. Филип Петровски – некогашниот конзул во Америка, моментално живее во Скопје. Работи како заменик генерален директор на Државната Лотарија на Македонија, а во брак е со својата прекрасна сопруга веќе 7 година со која има 3 годишно синче.
 
2. Перо Антиќ – поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, моментално живее и работи во Грција со својата бремена сопруга и својот син.

 3. Дарко Панчев – македонската фудбалска легенда, со завидна спортска кариера. Денес, како пензиониран спортист, живее во Скопје, со својата прекрасна сопруга Маја Грозданова Панчева и нивните деца.

 4. Никола Ристановски – можеби најдобриот актер што излегол од Македонија. За оние кои сметаат дека интелигенцијата е секси, Никола се најде на оваа листа. Последните неколку години поминаа во знак на „Дервишот и смртта“, а сега Никола полека се враќа пред македонската публика. 

 5. Сашко Коцев – секогаш забавниот актер и комичар, кој после неколку години врска ја запроси својата девојка на манифестацијата „Златна Бубамара“ годинава, се ожени летово. 

 6. Гораст Цветковски – актерот кој секогаш го бранува женскиот дел од публиката е среќно оженет, а годинава беше доста успешна за него во неговата професионална кариера.

 Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ви овозможуваме краток преглед на најсекси македонските домаќи

Пронајдете не на следниве мрежи: