Студентската организација Еразмус студентска мрежа во Македонија, во саботата спроведе хуманитарна акција на плоштадот Македонија.
На децата, кои пред празниците беа излезени на прошетка со своите родители на прекрасниот сончев ден, ЕСМ Македонија им даруваше подароци и најтопли желби за Новата Година.
Дечињата, кои со радост и нетрпение, кои со неверување, со малите рачиња ги прифаќаа поклоните збунети, но неизмерно радосни. Впрочем, тоа беше и целта под закрилата на проектот SocialErasmus: да се подари несебично, неочекувано, на повеќе деца што во моментот ќе бидат на Плоштадот.
Целта е исполнета: Насмевката на детските лица царуваше, исто како и на лицата на членовите на ЕСМ Македонија, чии срца се исполнија со топлина.
Споделувањето на топлина во овие студени денови е доловена преку прекрасни фотографии:
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: