Околу две илјади луѓе, меѓу кои беа деца, возрасни, стари лица и лица со посебни потреби, учествуваа во неделата во костимираната предновогодишна трка низ српската престолнина Белград пропагирајќи го здравиот начин на живот.Сите коишто посакаа ги проверија своите сили на патеката со должина од околу еден километар низ белградските улици. Единствениот услов за учество беше носењето костумот на Дедо Мраз. Првите неколку стотици „натпреварувачи“ кои се пријавија за учество на манифестацијата, како подарок од организаторите добија ги добија дедомразовските костими.
Патеката најбрзо ја истрчаа момчиња и девојки кои професионално се занимаваат со атлетика. На церемонијата на доделувањето победниците добија медали и часовници од „вистинскиот“ Дедо Мраз.
Како дел од трката се одржа и собирање средства за добротворни цели.
Пронајдете не на следниве мрежи: