Добитникот на две филмски награди Оскар, за обработка на звукот, Мајк Хопкинс, загина во несреќа при рафтинг на Нов Зеланд.
Новозеланѓанецот Хопкинс (53) настрадал во брзаците на реката во тешко пристапни предели на Северниот остров.
Двајцата негови пријатели со кои се спуштал низ реката преживеале.
Сите тројца носеле елеци за спасување, непропусливи одела и заштитни кациги, соопштила полицијата, пренесе BBC.
Хопкинс доби Оскар за работа на филмовите Господар на прстените: Две кули“ во 2003 година и „Кинг Конг“ од 2008 година.
Хопкинс работеше на повеќе познати филмови, како `Blade Runner`, `Супермен`, и филмот за Џемс Бонд `Octopussy`.