Ако кажеме Џејмс Гандолфини, тоа веројатно нема многу да ви значи, барем не веднаш кога ќе го слушнете името, но ако кажеме Тони Сопрано веднаш ќе се сетите на главниот лик од серијата „Сопранови“.
Овој американски актер, шеф на мафијата во неповторливата серија „Сопранови“ е можеби еден од најинтересните ликови на сериите кои сме ги гледале.
Џејмс кој се врати на ,HBO' и ја сними пилот-епизодата од „Criminal justice“, беше дел и од актерскиот тим на „Killing me softly“, заедно со Бред Пит и овој филм во 2012-та беше номиниран за Златна Палма.
Се надеваме дека и со новите филмови ќе го доживее успехот на серијата која ги доби можеби најпозитивните критики.
Еве како изгледаше Џејмс Гандолфини во улогата на Тони Сопрано, а како во приватниот живот. Разликата не е голема, нели?
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се
печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: