Весли Снајдер привлекува големо внимание кај голем број на европски фудбалски гиганти, во трката наводно повторно се вклучил и Манчестер Јунајтед.
Иако во неколку наврати и самиот потенцираше дека во јануари нема да доведе засилувања за тимот, сепак новонастанатата ситуација поврзана со фудбалерот на Интер, Весли Снајдер, може да го натера Алекс Фергусон да го промени своето мислење.
Имено, по Тотенхем и Ливерпул, во трката за холанѓанецот се вклучи, односно се врати и екипата на Манчестер Јунајтед, барем така пренесуваат англиските медиуми.
Англискиот клуб во минатиот преоден трансфер период преговараше со Снајдер кога Фергусон се откажа поради високите барања на фудбалерот кој во Интер заработува 200.000 евра неделно.
Тогаш Фергусон се откажа поради големите барања на играчот, но и клаузулата која стоеше во договорот на Снајдер која изнесуваше 30 милиони евра, сепак англиските медиуми пренесуваат дека Фергусон се враќа во игра за потписот на Снајдер.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: