Роберто Манчини отсекогаш го штител својот фудбалер, тврди дека е крајно време да Балотели покаже зрелост и почне одговорно да се однесува.
Во јавноста е познат повеќе по своите интересни случки, отколку по неговите фудбалски способности, Марио Балотели е на добар пат да ја изигра целосно довербата која му е укажана од страна на челниците на Манчестер Сити.
На големо се говори околу тоа дека италијанскиот репрезентативец би можел да си замине од Сити овој месец, сепак, Манчини не сака да крене раце од својот фудбалер.
„Марио и јас имаме одличен однос, без оглед на тоа што тој секој ден прави проблеми. Соработуваме веќе подолг период, од него барам да покаже зрелост. Пример, кој би требало да го прати е Франческо Тоти, тој има 36 години и е вистински пример за професионалец и голем фудбалер“ изјави Манчини.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: