Новата 2013 година веќе пристигна во некои краеви на светот, а славењето се одвива по невообичаено топло време.
Најголемиот спектакл е во Сиднеј.
Градските власти на Сиднеј се погрижија околу два милиона жители и туристи во Новата година да зачекорат со спектакуларен огномет.
Во Австралија луѓето се собраа во Сиднејскиот залив, од каде има најдобар поглед на огнометот.
Градските власти за овој настан одвоија околу шест милиони австралиски долари, а биле истрелани 10.000 пиротехнички средства.
Сликата од огнометот од сиднејскиот градски мост е вообичаената слика што на 31 декември го обиколува светот.