Двајца државјани на Тунис и петмина српски државјани се повредени за време на понеделничкиот дочек на Новата година во центарот на Белград. Според извори на полицијата, инцидентот се случил пред зградата на Народниот театар,а сите поведени се згрижени.Полицијата соопшти дека напаѓачот одел низ толпата и со нож ги бодел присутните, без да го забележи некој.
Информацијата за инцидентот полицијата ја добила од Итната помош и Ургентниот центар.
Потрагата по напаѓачот е во тек.