Се вери Марија Кириленко

Една од најпознатите руски, спортски, љубовни двојки, убавата тенисерка Марија Кириленко и хокеарот на мраз Алекс Овечкин, ја објавија својата веридба.

 

„Верени сме!!! , напиша 27-годишниот хокеар на својот Twitter профил.

Овечкин, е ѕвезда на Вашингтон, а за време на “lockout”-от се врати во Европа, каде успешно игра во ДИнамо.
Овечин ја објави веста нешто пред доаѓањето на Новата година, по што почнаа да стигаат честитки од сите страни.
Две години помладата тенисерка, во моментот е 14 на светот, а се подготвува за играње на првиот Гренд Слем турнир оваа година, Аустралијан Опен.
Кириленко и Овечкин се заедно повеќе од една година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: