Десет лица, меѓу кои четири деца загинаа, а 120 биле повредени на 31-ви декември, во престолнината на Ангола, Луанда, на влезот на стадионот, каде било организирано верско бдеење по повод Нова година, објави во вторникот анголската агенција Ангоп.
Повикувајќи се на изјавите на портпаролот на цивилната заштита, Фаустин Себастиао, агенцијата објави дека некои од жртвите се задушиле во толпата на преполнетиот стадион „Цитадела Деспортива“, на кој биле отворени само два од вкупно четирите влеза.
Останатите загинати биле прегазени од толпата луѓе. „Очекувавме 70 илјади луѓе, но таа бројка беше многу поголема“, признал Фарнер Баталха, бискупот на Светската црква на Божјото кралство, пентекостена секта која го организирала бдеењето.
Според мрежната станица на Светската црква на Божјото кралство, која е основана во Бразил во 1977 година, таа постои во повеќе земји во светот и има околу осум милиони припадници.