Полицијата од Лос Анџелес соопшти дека папарацо бил прегазен со автомобил додека го фотографирал белото ферари на канадскиот пејач Џастин Бибер на улица во Лос Анџелес.
Фотографот кој не е идентификуван, починал во болница,кусо време по несреќата во вторник вечер. Џастин Бибер не бил во автомобилот во тоа време.
Спортскиот автомобил бил паркиран по крајот на булеварот `Сепулведа`.
Фотографот бил заглавен додека одел по улицата откако го фотографирал автомобилот на Бибер.
Според полицијата, се очекува да биде подигнато обвинение против моторџијата кој го убил фотографот.
Пејачот се уште нема излезено со мислење за случајот.