Сигурно не сте го знаеле ова, но Никол Кидман има фобија од пеперутки, односно лепидоптерофобија.
Не е толку страшно колку што звучи, но сигурно дека е чудна фобија. Колку често сте слушнале некој да се плаши од пеперутки?
„Премногу е бизарно. Не се плашам од змии или пајаци, како повеќето, но се плашам од пеперутки“, изјави Никол за магазинот „In Style“.
Терминот лепидоптерофобија произлегува од зборот „Лепидоптерани“, што претставуваат било кои од огромната низа (Лепидоптера) на инсекти од пеперутки и молци. Ова е една од најпрочирените и препознатливи низи на инсекти во светот.
Кога ќе пораснат, овие инсекти имаат четири широки или заоблени од основата и заострени кон врвот крилја, кои се обично прекриени со преклопувачки и најчесто светло обоени скалила.
Навистина малку чудна фобија, но сепак, ете постои и има милиони луѓе во светот што стравуваат од најразлични инсекти, не само пеперутките, кои на сите останати им изгледаат како едни од најубавите и интересни инсекти.
Пронајдете не на следниве мрежи: