Дури 51 отсто од жените велат дека имаат потполна контрола на семејниот буџет, а само 36 отсто од мажите го кажале истото за себе, во едно истражување во Велика Британија.
Меѓутоа, 58 отсто од мажите велат дека се апсолутно самоуверени и сигурни во својата способност за регулирање на парите и потрошувачката во зададени граници и можности, додека истото го кажале и 56 отсто од жените за себе.
Дури една третина од луѓето не планираат да си постават некакви рамки на буџетот до кои ќе се придржуваат.
Џејн Симондс од британската организација Money Advice Service, која го изработи ова истражување вели дека во време на економска криза на многу луѓе не им остануваат многу пари откако ќе ги платат сметките.
Друго истражување покажало дека жените го контролираат буџетот во домаќинството кај двојки помлади од 45 години.
Многу експерти предвидуваат дека жените до 2020 година во потполност ќе ги контролираат долгорочните финансиски одлуки, како што е купувањето недвижности, во поголем дел од домаќинствата.
Ова истражување покажува и дека 91 отсто од семејствата во кои жените ги контролираат долгорочните финансии имаат и одредени заштеди, додека истото важи и за 82 отсто од семејствата во кои такви планови прават мажите.