Производи во вредност од милион евра ограбени во продавница на Apple во Париз

Непознати арамии во пресрет на Нова Година ограбиле една продавница на Apple во Париз при што успеале да однесат производи во вредности од околу милион евра.

Се претпоставува дека крадците во продавницата влегле околу 21 часот на 31 декември, односно три часа по затворање на продавницата.
Претставник на полицијата соопшти дека операцијата била добро подготвена и дека во неа учествувале четири лица, кои биле маскирани и вооружени.

Пронајдете не на следниве мрежи: