Волт Дизни се плашел од сопствениот измислен лик – Мики Маус

Замислете, интернационалната икона Волт Дизни се плаши од еден од најпознатите анимирани ликови, легендарниот глушец Мики Маус, односно Дизни има страв од глувци.

Интересен е фактот што Волт Дизни го одбира баш глушецот како еден од водечките ликови во неговата низа од анимирани филмови, кој за многу кратко време станува и најпрепознатлив лик во историјата на легендарните карактери не само во Дизниевата, туку и во интернационалната филмографија.

Но, според одредени истражувања, откриено е дека најголемите стравови на луѓето, најчесто стануваат нивни најголеми задоволства. Одлучувачкиот фактор во надминувањето на стравот е секако храброста. Храброста се соочува со стравот и тогаш продолжувате понатаму.

И покрај многуте стравови и пречки со кои се соочувал Волт Дизни – огромниот недостиг на поддршка од родителите, финансиските предизвици, па дури и добивање отказ од работа, бидејќи не поседувал уметничка способност, сепак собрал храброст, преземал мерки и продолжил да се движи напред. Денес Дизни е историска икона, која претставува пример за неверојатна храброст и лик чии надежи никогаш не потонале.

Размислете и вие од што стравувате. Запрашајте се како можете вашиот најголем страв да го претворите во ваше најголемо задоволство и успех и дури тогаш ќе се отворат сите врати за вас. Сите ние можеме да ги надминеме своите стравови, колку и да изгледа тешко и невозможно, потребно е само малку повеќе храброст и самодоверба.

Не заборавајте, се се учи и се се постигнува.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: