Роки ќе го засили Интер

Искусниот напаѓач на Лацио, 35-годишниот Томазо Роки, објави дека го напушта клубот и дека до крајот на неделата ќе потпише договор со Интер.

„Во вторникот последен пат тренирав со соиграчите од Лацио. Останува уште да се завршат некои формалности и да го комплетирам трансферот во Интер. Не сум премногу задоволен што заминувам од Рим, но се надевам дека еден ќе се вратам тука“, изјавил Роки, кој во Лацио мина осум години, тој во сезоната 2004/2005 за сума од 1,5 милиони евра дојде во овој клуб од редовите на Емполи.
Роки во Лацио дресот на Лацио постигнал 82 погодоци на 241 натпревар. Ветеранот во кариерата бил член на Јувентус, нисколигашите Про Патрија, Фермана и Сорано, а играл и за Комо односно Тревизо.
Томазо Роки има одиграно три натпревари за репрезентацијата на Италија, како и две средби за олимписката репрезентација на оваа земја.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: