Големи поместувања се случуваат на ранг листата на најдобри сајтови во Македонија во последно време. До 22 ноевмри (така да се каже вчера) Тајм.мк беше прв. За да по само 45 дена се наоѓа веќе на 4-то место. Од вчера и официјално Сител.ком.мк го помина и застана на трето место. На првите две места нема промена, Пулс24. мк останува прв, а по него следи Грид.мк. По Тајм.мк на петто место се наоѓа Прес24.мк, а потоа е Курир.мк.
Очигледно дека сцената која подолго време беше застоена, успорена веќе е подинамична и се очекува во иднина сајтовите да влезат во пожестока борба за примат, што автоматски значи и подобра позиција кога се прибираат рекламите. Оваа конкуренција е здрава за читателите и ќе им овозможи повеќе содржини, бидејки сега сајтовите мора да се борат за посетеност.
Целата листа можете да ја погледнете нa ИНФО.МК, каде што сајтовите се подредени според тоа дали се од Македонија…
Честитки за сите.
Пронајдете не на следниве мрежи: