Кои од познатите во Македонија рипнаа во тавче и добија деца во годината што измина?

Постарите велат „Во престапна година не се склучуваат бракови“. Меѓутоа ова нивно тврдење не беше пречка за многуте познати личности да се одлучат да стапнат на лудиот камен. Се случија многу свадби, се родија и многу деца.

 

 

1. Се ожени Наумче Мојсоски

Струшка свадба за паметење. Така може да се опише свадбата на нашиот ракометар со неговата избраничка Марија, од Битола. Прекрасниот огномет и непрекинатите ора ја одбележале веселбата во хотелот откако претходно венчавката била одржана во селото Калишта во црквата „Пресвета Богородица.“

 

2. И Златко Мојсоски склучи брак

Уште една неверојатна струшка свадба на ракометарот на Металург со неговата Катерина Попоска. Веселбата ќе ја паметат по стомачните танчарки како и соиграчите на Златко кои не го пуштиле микрофонот од рака. Она што се зборува е дека Червар и на свадбата ги контролирал своите играчи во однос на консумацијата на алкохол.

 

3. По долгата врска и Елена Петреска стапна на лудиот камен

Нашата популарна пејачка ова лето му стана сопруга на Андреј Толевски. Без стандардните обичаи за земање на невестата од дома, со околу 300 гости беше одбележана свадбата на Елена.

 

4. Политичарот Бујар Османи со 500 гости имаше огромна свадба

По романтичното запросување во Солун, конечно и Османи се ожени со неговата избраничка Валбона Хоџа. На свадбата и Али Ахмети заиграл на орото.

 

5. Елена Ристеска им ги скрши срцата на машките откако му стана сопруга на Бојан

После 4 години врска со Бојан Иваноски и почитување на сите македонски свадбени обичаи, Елена Ристеска направи свадба за паметење во хотелот Александар Палас. Весеблата кулминирала кога нејзините колеги спонтано се качиле на сцената и пееле до крајот на свадбата. Венчавката се одржала неколку дена пред свадбената веселба во манастирот „Св. Јован Бигорски.“

 

6. Свадба и дете на 62 години за Ферус Мустафов

Два месеци откако им се роди ќеркичката Мелек, Ферус Мустафов и Јелена стапија во брак. Тој на микрофон и дал заклетва дека ќе ја сака цел живот и нема да гледа други девојки. Кралот на ромската музика не можел да ги задржи солзите и без срам плачел на својата свадба.

 

7. И Филип Миркулоски стапна на лудиот камен

Уште една ракометна свадба. Ѕвездата на Металург се ожена со долгогодишната девојка Благица, ќерка на претседателот на Уставниот суд, Наумоски Бранко. Свадбата беше одбележана со сите македонски свадбени обичаи и секако пеење на неговите соиграчи.

 

8. Дарко Тасески со скромна свадба

Нашиот фудбалер и неговата избраничка Ромина Андонова, поранешна Мис на Бугарија направија интимна свадбена прослава во Скопје. По 2 месеци брак на свет дојде нивната ќерка. Среќното семејство сега живее во Израел заради професионалните обврски на Тасески.

 

9. Министерот Тодоров стана татко

Калин е второто дете на министерот Никола Тодоров и неговата сопруга Александра. Синот им се роди на почетокот на годинава во Скопје.

 

10. И Бени доби син

Сопругата Лиса на светот го донесе Мик кој името го добил по големата музичка ѕвезда Мик Џегер. Бени Шаќири вели дека одлично се снаоѓа во улогата на татко.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се

печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: