Тренерот на Барселона, Тито Виланова, во средата, се појавил клупскиот тренинг центар.
Тој претпладнето го минал во својата канцеларија, по што извесно станува дека ќе ја предводи екипата во градското дерби со Еспањол.
Виланова на 20.декември го оперираше туморот на паротоидната жлезда, два дена подоцна беше пуштен од болницата, но сеуште му претстојат третмани со хемотерапија и зрачење.
Инаку, во тренинг центарот на Барселона, тренирале само оние играчи кои во среда навечер во дресот на Каталонија ќе играат против Нигерија.