Најголемите секс-скандали на спортистите

Секс со малолетнички, вонбрачни деца, неверства – на скандалите во кои се вмешани спортистите им нема крај. На некои, истите им ја уништија кариерата, на други ги „олеснаа“ за милиони долари, трети пак на тој начин постанаа популарни. Ви ги претставуваме најголемите секс-скандали во историјата на спортот.

1. Франк Рибери и Карим Бензема

Фудбалерите кои заборавија на својата религија, направија нешто што муслиманската вера најстрого го казнува. Имено, двајцата Французи и плаќале на проститутката Захија Дехар за секс, а скандалот изби тогаш кога во јавноста се дозна дека таа имала само 16 години. Захија го искористи тоа и доби огромна сума пари од фудбалерите и денес таа е богат модел.

2. Мајк Тајсон

Во моментот кога почна да ја губи кариерата, но и животот, момчето кое со тупаници стигна до врвот, доби пријава за силување. Беше осуден и помина неколку години во затвор. И ден-денес не се знае дали навистина ја силувал таа девојка или беше наместен.

3. Двајт Јорк

Фудбалерот сакаше филмска акција, таква и доби. Во контејнер беа пронајдени касетите на кои тој се снимал како има секс со многу „лесни девојки“, тоа стигна до очите на јавноста и негативно се одрази на неговата кариера.

4. Патрик Јуинг

Центарот на Њу јорк беше зависен од услугите на многу девојки во еден ноќен клуб. Иако му беше загарантирана приватноста, откако клубот беше поврзан со организиран криминал, неговото име сепак излезе на виделина.

5. Коби Брајант

Кошаркарот кој сакаше ноќите да ги минува во креветите на различни девојки се соочи со тужба за сексуално вонемирување. Имено, во 2007-ма година, една келнерка од Колорадо го обвини дека ја силувал и тоа направи „бум“ во јавноста. На крајот, Коби и плати оштета и приказната се заврши.

6. Тајгер Вудс

Секогаш гладен за секс, Тајгер многу пати ја изневери неговата сопруга. Таа во излив на бес физички го нападна, побара развод со кој таа доби многу пари, а тој остана без спонзори и тешко му одеше враќањето во спортот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: