Кање Вест со љубоморна реакција?

Кога станува збор за Кање Вест и Ким Кардашијан, папараците никогаш не се далеку од нив.

Така што, воопшто не беше изненадувачки кога тие му пристапија на парот по излегувањето од ресторан, со коментари за бившото момче на Ким, Реџи Буш.

Реакцијата на Кање беше за момент шокантна.

TMZ изјави дека 31 годишната старлета била на вечера со својот дечко Кање во Мајами Бич, каде таа ја снима новата сезона на „Kourtney & Kim take Miami“. Кога излегувале од ресторанот, биле „нападнати“ од папараци со неприфатливи прашања според Кање: „Ким, дали знаеш дека Реџи е овде, во Мајами на вечера?“, „Дали би сакала да му честиташ за бебето што го очекува?“.

Ова, очигледно било премногу за Вест. Репортери изјавија тој не удрил една од фотограферките, но дека се залетал кон неа, обидувајќи се да и ја земе камерата. Потоа, парот го напуштил местото во нивниот Ролс Ројс Фантом. Еден од папараците пак изјавил дека Кање се обидел да ја истепа фотограферката.

Минатата недела, бившото момче на Ким потврди дека тој и неговата девојка го очекуваат нивното прво дете по едногодишната романса.

Или е ова љубоморна реакција или само губење на времето на Кање Вест, колку да изгледа глупаво. Во секој случај, според интервјуата и сликите кои можеме да ги видиме од Ким и Кање, можеме да забелеќиме дека двајцата изгледаат прилично среќно.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: