10-те најдобри филмови за 2012-та година

Според истражувањата на Јаху, во изминатата 2012 година имаше повеќе добри филмови. Меѓутоа, не можеа сите да се најдат на листата на најдобрите. Еве кои се 10-те најквалитетни филмови според Јаху.

 

1.Zero Dark Thirty

Не може, а да не се заљубите во трилерот на режисерката и оскаровка Кетрин Биглоу. Во филмот преку акција е опишана вечната потрага на терористот Осама Бин Ладен. Маја(Џесика Частеин) е агент на мисија и ја има тешката задача да го пронајде овој познат терорист. Суштината на фимот е како да ја зачуваме хуманоста кога правиме нехуман чин, при кој главната целе  да спречиме лоши дела.

 

2.Skyfall

Ако мислевте дека неможе повеќе да се изненадите после 23оот трилер на Џејмс Бонд тогаш погрешивте,  бидејќи „Скајфол“ е пример дека тоа се уште е возможно. Се, се должи на заслугата на режисерот Сем Мендес,  на актерот Данел Крег како и на останатиот дел од актерската екипа. Во овој филм ќе можете за прв пат да ја видите физичката и психичката слабост на Бонд, Џејмс Бонд.

 

3.Argo

Трилерот„ Арго“ e нешто што мора да го видите доколку сакате доза  хумор, мистерија и акција. „Арго“ е во режија на познатиот актер Бен Афлек и дејството се случува во 1979-та година.

 

4.Looper

„Лупер“ во кој глуми неверојатниот Брус Вилис, е трилер во режија на Риан Џонсон. Приказната се случува во иднината, а воедно е поврзана со минатото, всушност претставува нешто што не сме го виделе до сега. Содржина е доста интересна и истата ќе ве држи во неизвесност се до самиот крај.

 

5.Cloud Atlas

Овој филм е направен според романот на Дејвид Мичел и е еден од најромантичните филмови за 2012 година. Ѕвездата на овој филм е Хали Бери и таа игра повеќе улоги низ времето. На почетокот се  ви изгледа како да е неповрзано, но подоцна работите полека ќе ви се разјаснат. Филмот е нешто што вреди да го погледнате.

Останатите пет филмови се:

6. Django Unchained-акција, драма, вестерн;

7. Amour-драма,романса;

8. The Central Park Five-документарец;

9. Moonrise Kingdom-драма, комедија, романса;

  10. The Hunger Games- трилер, акција.

Пронајдете не на следниве мрежи: