Цеца посвојува дете

 

Српската фолк ѕвезда Цеца, даде новогодишно интервју за српски Курир. Иако 2012 година не и почна многу добро, таа усепа да го извлече максимумот од неа.

 

Иако првите осум месеци таа се наоѓаше во домашен притвор, по него, таа одржа десетина успешни концерти на кои ја видоа околу 500.000 луѓе. Одржа и мини турнеја во Австралија и најави спектакл на 28 јуни 2013 година на Ушче.

 

Таа зборуваше и за својот приватен живот, и за тоа како се припрема за улогата на тетка. Имено нејзината сестра Лидија е бремена, и на пролет се очекува да се породи со близначиња. Тоа крена прашања за Цеца како мајка и сопруга. Таа сподели со јавноста дека моментално нема маж во нејзиниот живот како и дека планира да посвои дете во 2013 година. Оваа желба веќе долго време размислувала како и кога да ја оствари, и по се изгледа, 2013 година Цеца ќе ја заврши како мајка на 3 деца.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: