Бурекот го освојува Њујорк

Бурекот е можеби една од најпознатата „брза храна“на Балканот.За останатиот свет, освен во Турција, не е премногу познат. Хамо Медујањин, родум од Санџак, има еден сон – да ја промени таа ситуација и бурекот да го има низ целиот свет.

 

„Пред бурекот е иднината“, ветува Хамо Медујањин од Санџак, додека ужива во убавиот амбиент на својот ресторан  „Ѓердан“ и секако, бурекот во срцето на мултиетничкиот кварт Квинс во Њујорк. Од другата страна на Ист Ривер полека се палат светлата на облакодерите на Менхетен кои означуваат почеток на оној другиот, повозбудлив дел од денот во градот, кој, како што кажуваат, никогаш не спие, пишува “DW”.

 

Иако по професија е правник, не ни сонувал дека ќе „заплови“ по „бурџиските“ води. Хамо е роден во Плава, Црна Гора  и како и на сите други од тој дел од светот, војната им го променил речиси целиот живот.

 

Бурекот во правно-економското семејство не паднал од него. Таткото на Хамо, Мухамед по завршувањето на „занаетот“ и една година помината во Турција во 1963 година, во Пеќ на Косово ја отвара првата бурекџилница со име „Ѓердан“.

 

 

Новата животна ситуација започнало во ’90-те години минатиот век кога семејството било приморано да ја напушти Босна и Херцеговина, каде Хамо и неговата сопруга живеле смирен и сигурен живот со нивната работа како правник и економистка. Под драматични околности семејството го напуштило Сараево.

 

„Од 1992 година почнува мојата бегалска приказна, моите први пет години од мојот пекол. Кога беше Сараево поделено, мојата сопруга беше на едниот дел, а ја на другиот. Јас успеав да излезам некако, а она таму остана. Бевме разделени речиси две години“.

 

Идејата во 1997 година не дошла случајно да се отвори бурекџилница токму во Квинс квартот. Знаењето и традицијата биле таму, требало само да стане реалност и тоа во квартот во кој живеат околу 150 нации, претежно работничка класа, меѓу кои и многу од поранешна Југославија кои пателе по својот роден крај и познатото јадење – бурекот.

 

„Мојата идеја беше да се стационирам сепак каде што има многу наш народ. Да имам муштерии кои знаат што е бурек. Се’ стана големо, кога го отворив првиот ресторан во срцето на Менхетен“, истакнува Хамо.

 

 

Денес „Ѓердан“ од мал ресторан во мултиетничкиот кварт Квинс порасна во вистински бренд. Освен ланецот од шест локали и централната пекара во Бруклин, „Ѓердан“ е и назната за широка „палета“ на полуготови производи како што се змрзнати буреци, разни бели печива и пити.

 

Филозофијата на „Ѓердан“ е многу добро позната во бизнис светот, посебно во бизнисот за брза храна, каде што владее „McDonalds“, а таа е во секој ресторан да биде истиот вкус и квалитет. Можеби и „Ѓердан“ еден ден ќе успее да се прослави ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: