Секс симбол на само 14 години

Енџи имала само 14 години кога решила да направи неколку провокативни фотографии за момчето, но подоцна станала жртва на хакерите кои и ги украле фотографиите и го преплавиле виртуелниот свет со истите. Сега Енџи има 18 години и се осмели да ја раскаже својата приказна…

 
Енџи Варон (18 години) од САД стана секс симбол на интернет кога имаше само 14 години откако хакерите ги објавија на интернет провокативните фотографии што таа ги собирала за своето момче.
 
 
Оттогаш, Енџи два пати го менувала училиштето заради константното исмејување од врсниците, а сега се образува дома. Нејзините соученици ја нарекувале порно ѕвезда, а фотографиите набрзо се нашле на порнографски страни и послужиле како реклама за многу “страни за возрасни”.
Токму кога помислила дека најлошото завршило и дека работите само ќе се подобруваат, таа го “изгуглала” нејзиното име и пребарувањето отворило 65,000 нејзини фотографии, а на Фејсбук и Твитер се појавиле еден куп лажни профили.
 
 
“Непознати луѓе ми праќаа пораки и пишуваа на интернет како го заслужувам сето тоа што ме снашло, ми се закануваа со силување бидејќи, како што тие велат, сум го барала тоа”, вели Енџи и додава дека таа ја исконтактирала полицијата и ФБИ заради заканите кои почнал да ги упатува некој непознат “обожавател” што ја дознал нејзината адреса.
Поради целата ситуација Енџи паднала во депресија и почнала да се дрогира, избегала од дома и размислувала за самоубиство.
 
 
“Бегав од дома само за родителите да ме бараат бидејќи сакав љубов, со оглед на тоа дека цело време сите останати “плукаа” по мене”, раскажува несреќната тинејџерка.
Фамилијата на Енџи изјави дека се обратиле и во полицијата и кај адвокат, но биле немоќни бидејќи фотографиите на нивната ќерка несопирливо се ширеле низ интернет.
 
 
Тие додаваат дека властите не можеле да направат многу бидејќи не се работи за детска порнографија, туку, според нивните зборови, “детска еротика”.
Енџи вели дека дел од фотографиите дури не се ни нејзини, туку се обработени во фотошоп, а на нив таа е претставена без горен дел од бикини или целосно гола.
 
Сепак, сега тинејџерката жали заради својата детска непромисленост и вели дека фотографиите и го уништиле животот, пренесува “Daily Mail”.
Енџи имала само 14 години кога решила да направи неколк

Пронајдете не на следниве мрежи: