Новата супер јахта на Ауди

Audi го презентираше концептот за својата нова супер-јахта кој го изработи тим од креативни луѓе при германскиот технички факултет менторирани од Stefanie Behringer.

 

Префинетата јахта претставува спој на стил, моќ и најнова технологија.TRIMARAN ќе биде долг 15 метри, широк 6.8 метри, а со него ќе имаат можност да патуваат 12 луѓе. Поседува двоен пилот-систем за навигација и ќе го движат два моќни мотора доволни да развијат брзина од 8 јазли. На неговата лева и десна страна се наоѓаат два мали водни скутера кои се проектирани да развиваат брзина од 30 јазли.

 

Дизајнот на TRIMARAN во целост одговара на Ауди – прогресивен, моќен, софистициран и спортски. Можеби најкарактеристичната точка за овој модел е огромниот панорамски сончев кров.

Пронајдете не на следниве мрежи: