Кога градите се големи или пенисот е мал

Истражувањето што го спровеле на Универзитетската болница во Падови, покажало дека просечната должина на пенисот се намалува.

Имено, откриле дека последниве 60 години, просечната должина на пенисот се намалила од 9.7 на 8.9 см, односно 10%. Проф Карло Фореста како главна причина го наведе загадувањето на животната средина и нејзиното влијание на формирање на хормоните.

 

Дури и претходно, стручњаците откриле дека средината влијае на градите на жените, колку повеќе е загадена животната средина, толку повеќе градите растат, а причина е присуството на бисфенол А и естроген во воздухот. Бисфенолот А е органско соединение од два прстена фенол, кое во комбинација со други хемикалии се користат за производство на пластика.

 

Поупотребливи се кога се пократки
Занимливо е, што истражувањето кое опфатиле две илјади мажи на старост од 19 години, покажало дека е точно дека нивниот пенис е пократок, како и просечната должина на рацете и нозете. Воглавно, половите органи на машките се многу слични, само се разликуваат кога не се во ерекција.

Интересно е што краткиот пенис во поголем број на сексуалните односи функционира подобро од долгиот, а голем број на жени што фантазирале за голем полов орган, на крај признале дека за време на сексуалниот однос биле разочарани, и покрај уживањето во глетката не добиле ништо посебно во споредба со помалиот пенис.

 

Прекраток за добар секс?
Машките што мислат дека нивниот пенис е премногу краток за „да ја изврши задачата“, живеат во заблуда и забораваат дека се` е во нивната глава. Како што пренесува Њујорк Дејли Њуз, лекарите од американската клиника Мејо предупредиле машките добро да размислат пред да се одлучат за зголемување на пенисот или употреба на било каков метод што ветува чуда.

– Големината на пенисот е прашање со кое се занимаваа многу мажи, кои се жртви на синдром на мал пенис, но, тие што мислат дека имаат мал полов орган, иако големината на неговите гениталии е во граница на нормала – рекол Марко Одерд, уролог од Универзитетот во Торино.

 

Просечниот пенис во ерекција 12.7 – 17.8 см
Да објаснат која должина на пенисот е во граница на нормалата, на клиниката Мејо се потрудиле да ги наведат димензиите што некои машки ќе ги смират, а некои ќе вознемират.

Просечната должина на пенисот се движи во распон помеѓу 7.6 – 10.2 см во опуштена состојба, а помеѓу 12.7 – 17.8 см во ерекција. Сепак, некои машки под влијание на рекламите за разни помагала со чија помош нивниот пенис би станал поубав и поголем, одлучуваат да попуштат и да го зголемат пенисот. Ни гледањето на порно филмови, во кои глумците со голем пенис парадираат пред камери не се корисни за машкото его.

-Апсурдно е да ја поврзувате машкоста со големината на пенисот – предупредува Ира Шарлип, професор по урологија на Универзитетот во Калифорнија.

 

Како да го зголемите визуелно на сигурен начин?
Машките кои и покрај сето тоа живеат со уверување дека нивниот пенис е премногу краток, нудиме неколку совети како на безболен и безбеден начин да го продолжат својот пенис. За почеток нека почнат со стомачни вежби, зашто мора да сфатат дека ако стомакот виси преку гениталиите, пенисот изгледа пократок.

Не штети ни ако изгубат некој килограм. Може да ги средат срамните влакна околу коренот на пенисот. Со пократки или избричани срамни влакна, пенисот ќе изгледа поголем, за разлика од тогаш кога е опкружен со срамни влакна. И последно, но не и помалку важно, треба да побараат стручна помош. Нормално, не мислиме на порно глумците или богато надарените мажи, туку на психолог или психијатар, со кој може да се разговара за причините поради кои толку опсесивно се уверени дека нивниот пенис е премногу краток.

Пронајдете не на следниве мрежи: