Пад на авион го прекина сообраќајот во близина на Москва (Видео)

Се сруши патнички авион при присилно слетување на автопатот во близина на главниот град на Русија, утрото во 4 часот и 35 минути.

Несреќата се случила во близина на аеродромот „Внуково“ откако авионот Тупољев Ту-204 се обидел присилно да слета по втор пат.

Падот на авионот е снимен со камера од едно возило кое се движело по автопатот. При падот на авионот голем број делови се разлетале и погодиле неколку автомобили на автопатот со што го отежнаа сообраќајот. На помош веднаш пристигнаа пожарникарите кои го изгаснаа пожарот кој настана во авионот, а сообраќајот го пренасочија кон другите аеродроми во Русија.

Во авионот немало патници, но имало осумчлен екипаж од кој 4-ца се мртви, а останатите се во болница со тешки телесни повреди. 

Истрагата за тоа од кои причини се урна авионот веќе започна, а според првичните информации се работи за грешка на пилотот.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: