Проневерите во Македонија

Проневери на пари се случуваат секаде. Ниту Македонија не изостанува од овој тренд. Не се бира ни место, ни време кога ќе се проневерат парите. Еве неколку случаи на проневери во Македонија.

 

 

1. Газдата на „Фиком“ проневери пари дури и од зад решетки

Никола Николиќ, кој е во затвор заради издржување на 10-годишната казна за проневера на 30 милиони евра откако им продавал исти станови на различни сопственици, и од зад решетки продолжува да го прави истото. Имено, нему му било доверено да работи во затворската кантина и кога по одреден период се правел попис се открило дека фалат 100. 000 денари. 

 

2. „Сведмилк“ – пример за проневери и измами

Како што јавува Шведско радио, млекарницата „Сведмилк“ која во Македонија инвестираше голема сума пари како финансиска помош, сепак никогаш не била замислена да функционира.  Се случиле огромни економски проневери при што поранешниот менаџмент го „олеснил“ претпријатието за над 22 милиони евра, пред фирмата да оди под стечај.

Модерната млекарница пропадна со долгови од околу 40 илјади евра и тешко ги погоди македонските фармери. Се смета дека еден Швеѓанец, кој е всушност еден од трите косопственици е одговорен за пропаѓањето. Иако тој го обвинувал македонскиот косопственик за измама, откако Шведско радио дозна за огромна сума пари која тој ја префрлил на име на свој роднина, овој човек прекина да дава изјави. Исто така во меѓувреме беа откриени и контакти на македонскиот косопственик со тешки криминалци.

Органот за финансиска помош „Сведфанд“ не сака да го коментира пропаѓањето на млекарницата и вели дека тоа се случило заради недостиг на средства за спас на компанијата.

 

3. Проневера на пари од патарините вредна над 2 милиони евра

92 лица биле дел од мрежата која била организирана за да се проневерат пари на патарините со давање лажни фискални сметки. Од еден инкасант за смена од 12 часа биле земани по 1000 денари, за на крајот организаторите да добијат од 100 до 500 евра месечен надомест. Оваа проневера изнесуваше над  два милиони евра кои наместо на сметката на Агенцијата за патишта, завршија во џебовите на инкасантите од наплатните рампи на „Македонија пат“ на Коридор 10.

Истражувањата покажа дека оваа група ја сочинувале 89 инкасанти, еден поранешен вработен во претпријатието, еден раководител и еден заменик-раководител.

 

4. Раководител во „Мега“ пријавен за проневера 

40-годишен скопјанец, шеф на една од продавниците на компанијата „Мега“ е обвинет за проневера „тешка“ 400.000 денари. Тој би одговорен за  целокупното работење, влез на стоката, евидентирање на дневниот пазар како и за целосно доставување на парите во благајната на компанијата.

 

5.Проневера во средно училиште

Директорот на СОУ „Св. Наум Охридски“ од Македонски Брод се товари за проневера од околу 6 милиони денари во период од 4 години. 52-годишниот директор ја злоупотребил својата фукнција и на своја рака направил расходи над одобрените средства, ја пробил границата за службени телефонски разговори, а реконструктивните зафати во училиштето ги доверил на вработен иако бил распишан тендер кој го добилаа извесна компанија.

 

6.Даночна пирамида вредна 2 милиони евра

Криминална група со затајување данок ја „оштети“ држвата за 2 милиони евра. Главниот на групата, кој ги организирал осомничените, сите сопственици на фирми за откуп на секундарни суровини, е 43-годишен скопјанец кој и порано добивал најразлични пријави. Цела една година не воделе книговодствена евиденција и фалсификувале фактури.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: