„Доаѓа Баба Рога“- несомнено најслушаната реченица од детството која веднаш не претвораше во најпослушните деца на светото. Додека бевме мали секое митолошките суштство ни влеваше страв до коски, особено Баба Рога, Караконџула и Итрите самовили?.
Кои се всушност фамозната Баба Рога и нејзините „колеги“ заради кои со страв трчавме во кревет, ги празневме чиниите до крај или мирно седевме во еден дел од собата за да не бидеме изедени или повредени?
1. Баба Рога
Митолошките преданија велат дека таа е стара вештерка која живее во куќа оградена со коски и черепи. Таа ги намамува децата во својот дом, а потоа ги вари во котел и ги јаде.
Позната е уште како Баба Јага или Јага Баба.
Покрај Македонија, таа е синоним за страв и во Русија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Украина, Бугарија, Чешка, Словенија, Словачка и Полска.
2. Караконџула
Караконџула е женски демон од македонските, бугарските и српските приказни. Старицата која носи бастун, има огромни нокти, рогови, продорни очи и железни заб,и лута доцна во ноќите и ја бара својата жртва. Може да се трансформира во мало девојче или слаба висока жена.
Караконџула си оди дома, во своето дувло, тогаш кога петелот ќе означи ден.
Главната идеја со заплашувањето од ова суштество е да се натераат децата да се прибираат дома, пред да падне мрак.
3. Итрите Самовили
Убави девојки, со долги коси и крилја, кои сакаат да играат оро, но се доста злобни и ќе ви ги земат очите. Така се опишуваат овие митолошки суштества кои поседуваат неверојатна моќ да го заведат и маѓепсаат секој човек. Живеат доста раскошно покрај изворите високо на планините.
Јужнословенската митологија вели дека се раѓаат од росата на некое цвеќе во моментот кога се појавува виножитото. Се претвораат во разни форми и кога ќе побараат нешто од вас мора да го исполните затоа што ќе ви ги земат очите.
Може да се претворат во обични жени доколку им се отсечат крилјата и косата бидејќи таму им е силата, а ќе ви се потчинат доколку им ја земете облеката.
Сепак, никој од нас кога бил мал не бил спремен на таков „херојски подвиг“ па самото споменување на Самовилите не терало да бидеме мирни и послушни деца.
Пронајдете не на следниве мрежи: