Еве листа на 5 од нив:
1.Пад на цените на горивото
Ова се добри вести за сите што имаат кола. Според анализите на Дојче Банк цените на горивото дефинитвно ќе паднат во оваа година. Иако ова нема да се случи брзо сепак пополека ќе паѓаат во текот на наредните месеци.
2.Поефтини смарт телефони
Индустријата на смарт телефоните се повеќе се развива и усовршува. Новиот модел денес е веќе стар модел утре. Дури и на iPhone 5 му падна цената. Но, тоа нам дефинитивно ни одговара. Предвидено е дека за 2013 цените на смарт телефоните драстично ќе се намалат.
3.Пад на цените на Лап Топите
Оваа година нема да биде добра за прозводителите на лап топите особено за компанијата АМД. Но, тоа е одлично за оние кои сакаат да купат нов лап топ по ефтина цена.
4.ЛЦД телевизор за ниска цена
Во наредната 2013 година ќе има драстичен пад на цените на ЛЦД телевизорите. Тоа најмногу се должи на новите 3Д телевизори кои излегоа во продажба.
5. Поефтина Соларна енергија
За тие што размислуваат дали да користат соларна енергија можат сериозно да размилуваат на тоа бидејќи ке има поефтинување на цената на соларните панели. Се претпоставува дека ќе има пад за дури 50% во текот на годината.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: