Во изјава за медиумите, Стублиќ рекол дека на 31 декември, додека чекал да настапи, за време на забавата во хотелот во Чаковец физички бил нападнат од човек од Марија Бистрица, при што се здобил со повреди.
„Заради повредите не бев во можност да настапам, бидејќи завршив во Итната помош, каде што ми пружија помош. Стигна и полицијата која направи записник и јас правдата ќе ја истерам по судски пат“, рече Стублиќ.
Тој најави дека се чувствува добро и дека откако ќе ги заврши прегледите, ќе се врати на настапите.