Полската пошта ја задоцни пратката за самата себе

Полската пошта во спор околу доставувањето на судски покани претрпе голем срам, откако самата себеси предоцна си достави повик за на суд поради што нејзините претставници не се појавиле на рочиштето.

Препорачаната пратка со судски повик стигнала во управата на полската пошта 20 денови откако е испратена, објави во средата дневниот весник Gazeta Wyborcza.
Полските судски власти ѝ доделиле на поштата достава на судските пратки од 1-во јануари, откако истекол монополот на поштата на пратки до 50 грама. Полските судови годишно испраќаат околу 200 милиони пратки, за коишто поштарината изнесува 86 милиони евра.
Една приватна компанија поднесе тужба против таквата одлука, со образложение дека конкурсот е прилагоден на поштата. Судот за 20-ти декември закажал рочиште по тужбата, на коешто претставниците на поштата не се појавиле бидејќи поканата им била врачена предоцна.
Во Полска предвидуваат дека сепак поштата на крајот ќе ја добие работата, бидејќи законот пропишува единствен доставувал на судските пратки за целата земја, а на тоа барање може единствено да одговори поштата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: