Пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.
Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два од разбојниците кои биле распнати заедно со него, тие ги поставиле на патот по кој требало да помине една погребна поворка. При пренесување на мртвиот, кога го донеле пред исусовот крст тој оживеал и тоа било доказ кој од трите крста му припаѓал на Исус Христос.
Кралицата Елена го однела крстот во својата престолнина од каде патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликти кои треба да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските цркви и вера.
Така делови од крстот се најдоа и во Македонија.
Дел од крстот има во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ и манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во село Рајчица, Дебарско.
Делови од крстот има и во Кичевско, во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ каде има и лековита вода која спасила многу паталци.
Извор: Мистеријамк
Пронајдете не на следниве мрежи: