Рекордна продажба на оружје во декември во САД

Американското федерално истражно биро FBI извршил рекордни 2,8 милиони проверки на купувачи на оружје, покажуваат податоците објавени во екот на жестоката расправа за контролата на вооружувањето во САД по масакрот во основното училиште во Њутаун.

Досегашниот рекорд беше оној од ноември кога FBI имал два милиона проверки и за споредба изнесува 49 отсто повеќе во однос на истиот период во 2011 година.
FBI не го следи вистинското купување, па бројот на продадени парчиња оружје би можел да биде дури и поголем, бидејќи еден купец може да купи повеќе парчиња оружје.
Зголемувањето на продажбата на оружје по масовните масакри во САД не е невообичаено. По масакрот во киното во Колорадо во јули, барањето на продавачите за проверка на купувачите на оружје порасна за 40 отсто за една седмица. Кога пред две години на политички собир во Аризона беа убиени шест луѓе, а тешко ранета конгресменката Габриеле Гифорд, во таа сојузна држава продажбата на оружје се зголемила за 60 отсто.
Аналитичарите сметаат дека луѓето сега веројатно сакаат да ги „обноват резервите“ од оружје пред најавеното заострувањето на мерките за негово купување, што го најави претседателот Барак Обама.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: