Sony ги покажа мобилните телефони Xperiа Z и ZL

Компанијата Sony, преку својот јапонски сајт, ги објави првите официјални фотографии на своите два смартфони Xperiа Z и Xperiа ZL.

Xperia Z и ZL користат оперативен систем Android, а пред објавувањето на фотографиите имаше бројни шпекулации.
Се зборуваше дека Xperia Z ќе биде непропустлива, отпорна на валкање и дека ќе има димензии од 139x71x7,9 мм. Екранот ќе биде од пет инчи, а ќе има и камера до 12 мегапиксели.
Се верува дека смартфонот за време на развојот го носи кодното име Yuga. Уредот ќе може да прикажува фотографии со резолуција од 1.920×1.080, а ќе има и 1,5 Ghz quad-core процесори 2GB RAM меморија.
Новите фотографии потврдуваат дека Xperia ZL ќе има куќиште слично на Xperiа Go, како и предна камера на долниот десен дел.
Sony ќе ги претстави новите уреди кон крајот на овој месец или во февруари на Светскиот конгрес.

Пронајдете не на следниве мрежи: